Љубовта во очите на жената!

Верувам дека секој од вас барем еднаш во животот бил заљубен,дека сте го почувствувале она тресење на колената или пак т.н ,,пеперутки" во стомакот. Кога зборуваме за љубов можеме да кажеме милиони и милиони работи кои немаат крај и постојано се надоврзуваат...


Една заљубена жена гледа со очи полни насмев,една заљубена жена плаче со плачот на срцето и врискот на душата,една заљубена жена дава се што има безрезервно и чисто како солза,една заљубена жена дава љубов посовршена и самото совршенство...

Можеби за луѓето болка претставува невозвратена љубов но сепак мислам дека самата таа помисла дека ни е дадена можност или способност да сакаме или да даваме љубов е многу поважна од тоа да не сакаат. Да...да си сакан е чувство кое не може да се опише можеби и затоа е наречено чувство,чувство кое не уважува кое ни дава самодоверба и чувство дека сме потребни но ако секој еден човек ја дава својата љубов на другиот тогаш не би постоеле несреќни платонски љубови туку секој би сакал со сето свое битие,би сакал онака како што би требало да биде сакано,тоа би била една безрезервна љубов,љубов која не познава граници,љубов која се чувствува до смртта..а можеби и после неа.


Да сакаш значи да постоиш,да сакаш значи да живееш за оној за кој си создаден,да сакаш значи да даваш без очекувања за добивка или корист. Многу е погрешно и не е човечно да сакаш одредена личност само со единствена цел да се добиеш љубов.

Болка која се поставува на врвот на некојаси замислена скала претставува љубов која не е возможна или пак невозвратена љубов. Болката која се чувствува во ваквите ситуации е неопислива,да сакаш и да бидеш сакан а да не можеш да ги споделуваш своите тајни,да го минуваш секој ден со него/неа,да добиваш утеха во најтешките моменти од свој живот,едноставно да не можеш да бидеш со оној што го сакаш е најголема душевна болка.

Решенијата во ваквите ситуации се ретки,повеќето завршуваат со разделба и прекинување секаков вид на комуникација но болката што се чувствува останува засекогаш,спомените од една таква љубов се пристуни во секој момент од вашиот живот и без разлика дали ни се допаѓаат или не тие се тука,видливи се како крвави гравирања...


Но сепак,единствен совет кој ви би го препорачала би бил да продолжите да живеете!
Не гледајте црно на работите,колку и да ви излгледа тешко обидете се да продолжите напред,бидете оптимисти бидејќи ако не си помогнете сами никој нема да би помогне,сам паѓаш и сам ќе станеш.Не секогаш во живтот ќе има некој да ви подаде рака треба да направите обид за повторно прераѓање и нов почеток на животот!