КОЛУМНА: Животот е премногу едноставен за да го комплицираме!

Живот...поим кој многумина го земаат здраво за готово. Живот како основен поим отвара многу прашања на кој не често добиваме соодветни одговори.

Животот можеме да го претставиме како една игра некогаш играна по правила кои и понекогаш се кршат. Да! Животот ни е даден да го проживееме најдобро што можеме што се разбира не значи кршење на основните природни закони.

Сечиј живот се состои од падови и успеси,од среќа и несреќа,од солзи и смеа што не мора да значи дека не можеме да ја контролираме нашата сопствена среќа. Не сакам да ги побивам различните мислења но сепак моја констатација е дека секој е одговорен за сопствено донесените одлуки и постапки низ животот.


Не сум никој да ги носам правилата и одлуките по кои ќе се одвива Вашиот живот но мислам дека од тоа што го имам поминато и досегашните искуства низ животот можам да ве посоветувам и до некоја граница да ве посочам на еден животен скок помеѓу грешките и вистинската среќа.
„Животот даден ни е за да сакаме и научиме дека не секоја солза е пораз дека не секој пад е неуспех,дека не секое разочарување претставува крај на животот туку дека се она што го живееме и чувствуваме е само составен дел од животот...“
Животот поточно животниот пат по кој оди секој еден човек е многу различен од истиот пат по кој оди другиот. Секој има една животна цел,замислен врв кој секој се стреми да го достигне што не мора да биде по секоја цена. Сечиј животен пат е различен,секоја индивидуа е создадена како самостојно суштество одговорно за себе.

Една од животните цели на човекот е достигнување на совршенство. Според мене совршенство на овој живот не постои бидејќи никој освен самиот Бог не може да биде совршен. 
Постои мит,легенда за човечката поделба т.е поделбата на човековата душа на два еднакви несовршени дела. 


Низ животот постигнувањето на совршенство би значело пронаоѓање на другата половина односно нашето присоединување со другиот дел кој би не направил совршено битие. Бог како врв на совршенството не учи за љубов,без разлика дали е кон пријател,членови на семејството или пак т.н сродната душа.

Љубовта е основен двигател кој не станува при секој наш пад или неуспех. Да сакаш значи да постоиш,да сакаш значи да го живееш животот онака како што би требало да биде живеан,да сакаш значи да постоиш за оној на кој му е потребна твојата љубов и кој воопшто ја условува твојата егзистенција.

Според мене дефиниција за живот не постои,животот е даден да се живее,тој е даден за оние мали работи на кои треба да се радуваме,тој е даден да го дишиме воздухот со полни гради,даден ни е за да сакаме и научиме дека не секоја солза е пораз дека не секој пад е неуспех,дека не секое разочарување претставува крај на животот туку дека се она што го живееме и чувствуваме е само составен дел од животот кој мора да го поминеме за да достигнеме еден вид на совршенство кое вознесува дури и до самиот врв на еден живот исполнет со вистинска среќа и она што навистина ни е потребно и вредно. Воедно...животот е премногу едноставен за да го комплицираме.