Драма, трилер или пак комедија?

Чекајќи да видиме што баба Џеврие вчера ќе ни спреми во „Кога Лисјата Паѓаат“ одеднаш ни ја прекинаа програмата и започна уште подраматична комедија на А1 Телевизија создадена од нашата ТРИУМФАЛНА власт...


Ова е портал за забавата, науката, интересните работи како и технологијата, но тоа што вчера сите го следеа пред нивните екрани беше навистина драматично. Наводно како што сите слушнавме власта извршувала некоја си проверка на адресата на А1 телевизија и одеднаш ја блокирала забранувајќи им на новинарите да влегуваат и излегуваат од А1, како да се криминалци затворени во затвор!

Конкретно ја сум подржувач на А1 телевизија, бидејќи секогаш го информираше народот објективно и точно. Без влакна на јазикот секогаш знае да ја каже вистината и без пардон ги критикува политичарите.

Најсмешно од се ми беше тоа што за да ја искористат ситуацијата СДСМ и останатите „конкурентски“ телевизии на А1, веднаш почнаа да критикуваат и да ја користат ситуацијата против А1 и против Власта. За да ТВ Сител придобие на гледаност го викна Иво Котевски, што беше уште еден показател дека се плаши да дојде во А1 бидејќи доколку влезе таму сигурно ќе излезе осрамен од телевизија и народот, за разлика од Сител каде сигурно му поставувале местени прашања.

Работата вчера беше премногу едноставна за разбирање. Мое мислење е дека ова е еден од обидите на власта да ја заќути А1, едноставно да ја осакати да и го скрати правото на глас за да може да продолжи со своите валкани работи. 

Н.Ѓ.